62 казни за неносење маска вчера напишани во Куманово

Сподели со своите пријатели

Шеесет и две казни за непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска на лицето, вчера биле напишани од полицијата во Куманово.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (15.02/16.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 88 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекшрочни налози се во Куманово 62, во Крива Паланка 10 и во Кратово 16.

За нив, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Никола Ивановски

Leave a Reply