Вкупно 61 лице од Куманово вчера добиле казни за непочитување на законската обврска за задолжително носење заштитна маска.
Loading...
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (03.02/04.02.2021, по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 89 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.
Најголем број од издадените прекршочни налози се во Куманово 61, во Крива Паланка 21 и во Кратово 7.
За истите, како што потенцираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Никола Ивановски