600 луѓе евакуирани поради пожар во Сардинија

Сподели со своите пријатели

На Сардинија избувнаа серија пожари кои го зафатија североисточниот брег и областите на југот на островот, што доведе до евакуација на 600 луѓе.

Loading...

Пламените јазици, поттикнати од ветерот, во неделата брзо се движеа кон градот Синискола на североистокот на Сардинија и приморското одморалиште Ла Калета, каде што дојде до евакуација од приватни куќи и сместувачки капацитети, пренесува „Ил Фато квотидијано“.

На терен се шест противпожарни екипи од провинциската команда Нуоро со 30 лица и 12 возила, со поддршка од регионалните службеници за цивилна заштита.

Претседателот на Сардинија, Кристијан Солинас, објави дека побарал од службата за цивилна одбрана да ја зајакне противпожарната флота и да испрати рано предупредување за активирање на Европскиот механизам за цивилна одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бездомник обвинет за убиство на три лица во центарот на Њујорк

Тој не исклучи дека пожарите би можеле да бидат предизвикани од подметнувачи и наредил шумската заштита да ја засили контролата за да се идентификуваат одговорните, пренесува Танјуг.

На крајот на јули, јужните региони на Италија, особено Сицилија, настрадаа од шумски пожари поради високите температури.

Три лица загинаа како последица од пожарот и горештините на Сицилија, а штетата од природни непогоди изнесува најмалку 260 милиони евра.