60 педофили силувале 13-годишно девојче, ја убедиле дека тоа е нормално

Сподели со своите пријатели

Едно од најследените судења во англиската историја потресе многумина кога пред поротата излегла жртвата на злоставувањето.

Педофилскиот круг масивно ја искористил ранливоста на две девојчиња кои доаѓаат од проблематични семејства и тоа во толкава мера што девојчињата верувале дека она што се случувало со нив било нормално, па се чувствувале возрасно кога мажите ги земале под свое.

Едната од нив потврдила дека во тоа време била злоставувана и минала низ раце на 60 мажи кои ја силувале. Од нив само 11 сега се на суд, под обвинение дека починиле сексуален злочин, а сите негираат дека направиле една од 49те точки од обвинението кое е подигато против нив за работите кои се случувале во периодот измеѓу 2006 и 2012 година.

Меѓу обвиненијата е повеќекратно силување на деца помлади од 13 години, детска проституција и дрогирање на девојчињата за да полесно стапат во сексуални односи. Вкупно 45 овциненија биле подигнати во врска со едната, а четири за другото девојче. Јавниот обвинител Оливер Саксбај при уводното излагање изјавил дека се работи за девојчиња од нестабилни семејства, па така биле совршена мета.

Тие барале возбудување и внимание. Барале место каде можат да бидат далеку од своето училиште и домот. Сакале да се чувствуваат возрасно, но и дека некој се грижи за нив. Па биле лесен плен за група мажи кои сакале необврзано сексуално задоволување рекол Олиер Саксабај, Јавен обвинител.

Девојчињата примале и подароци во форма на алкохол, а повремено и дрога, напоменал Саксбај.

Поставени им се условите, па биле искористени. Првин ја задобиле нивната доверба, а потоа биле сексуално искористени – рекол Саксабај.

Девојчињата сметале дека тие мажи се нивни момчиња, иако минувале низ раце на разни мажи кои се менувале, понекогаш дури и на дневна основа. Скоро сите мажи биле од азиско потекло и многу меѓу нив инаку биле пријатели. Некои дури биле оженети и имале деца додека некои работеле како продавачи или такстисти, пишува „Индепендент“.

 

Loading...