Околу два милиони денари, од вкупно 3,6 милиони колку што изнесува годишниот буџет на Фондацијата за култура и спорт за 2017 година, биле потрошени за плати на четворицата вработени, покажува годишниот извештај презентиран на денешната седница на Советот на Општина Куманово.
За десетина културни настани биле потрошени 1,6 милиони денари, за што опозицијата денеска имаше низа забелешки.
Првата забелешка на сметка на директорот на фондацијата, Нино Величковски, беше дека ова е сбујект финансиран од пари на граѓаните на Општина Куманово, со што се губи карактерот на фондација, дополнително и што нема реализирани никакви спортски активности минатата година од сферата на спортот.
– Фондација како субјект треба да се занимава со давање донации, во овој случај не стнаува збор за донации, туку организација финансирана од парите на граѓаните на Куманово и по своите ингеренции се преклопува со секторот за култура и спорт. Во самиот финансиски извештај стои дека повеќе од 90 отсто од приходите кои ги остварува оваа фондација се средства од опшптината со кои општината ја финансира ошштината, каде се тука донации. За да биде фондација треба да има доанции. Во самиот назив стои Фондација з акултура и спорт иако во извештајот нема ниту С од спорт, ова не е само оваа година, се провлекува повеќе години по ред, па се прашувам зошто во називот стои и спорт, а никаде нема реализирана спортска активност, според оваа логика може да ставиме и фондација з акултура и свемирски истражувања, убаво звучи, рече советникот Драган Петковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Директорот Нино Величковски вели дека во субјектот е регисриран како Фондација на култура и спрот за да може да аплицира на проекти од областа на културата кои може да ги организира во Куманово.
– Ако сте го читале законот за здруженија и фонадции е непрофитабилна, невладина, како може да одиме по фирми и куќи да собираме донации, како го замислувате тоа, како апликанти каде се јавуваме еве за следна година во проект за 120-200 илјади евра посебно за Тамбурашкиот фестивал во последните пет години аплицираме, добиваме средства и даваме финансиски извештаи. Во дел каде можеме да аплицираме ние аплицираме, ни доделуваат или не ни доделуваат финансиските средства. Сево ова во последните седум години во делот на детскиот ликовен камп, три години по 75 дела на младите деца што работат и создаваат на детскиот ликовен камп се донирани на Порака наша со меморандум за соработка. Тие дела си имаат свое значење, го затвораат кругот, тоа не се фрлени пари, си има цел и реков на еден совет, ако оцените како советници дека не е добро, направете комисија да видите како се работи па тоа укинете го и направете нешто друго, рече директорот Величковски.

Што се однесува до спортот, Величковски вели дека при аплицирање и организирање на одредени настани од спортот за да не дојде до забуна помеѓу Сојузот на спорт и Сојузот на училишен спорт.
Директорот на Фондацијата за култура и спорт истакнувајќи ја визијата за следната година рече дека ќе ги стават на располагање човечките ресурси за организирање на прославата по повод 5 век од постоењето на Куманово.
фото: архива

