60 казни за неносење маска во Куманово, нема прекршување на полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Шеесет лица вчера добиле казна од полицијата поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, а прекршувања на полицискиот час не биле регистрирани.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (18.03/19.03.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 99 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Најголем дел од издадените прекршочни налози се  во Куманово 60, во Крива Паланка 28 и во Кратово 11.

За истите, како што појаснуваат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период не се регистрирани непочитувања на забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply