60-годишен возач со 2 промили алкохол приведен на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Шеесетгодишен возач бил приведен вчеравечер на патот Куманово – Крива Паланка, откако полицијата констатирала дека возел со над два промили алкохол.

– На 05.10.2025 во 23:20 часот на патот Куманово – Крива Паланка, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.М.(60) од Кратово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно „застава“, управувано од З.М. и по преземени мерки било констатирано дека тој е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,03 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово со победа над литванскиот Каскада Гарлиава (ФОТО)

– По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски