6 санкции за непрописно престигнување во Куманово утринава

Сподели со своите пријатели

Шест лица утринава биле казнети во Куманово поради непрописно престигнување.

Loading...

– Денеска (22.12.2021) во периодот од 07.00 до 10.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Куманово, при што санкционирани се 6 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Засилените акциски контроли, посочуваат оттаму, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски