6 нови случаи во Куманово, 52 во државата

Сподели со своите пријатели

Педесет и две лица се заразени со вирусот КОВИД-19 во изминатите 24 часа во земјава, потврди за МИА директорот на Институтот за јавно здравје Шабан Мемети. Изработени се 661 тест.

Loading...

Во Куманово според статистиката има шест нови случаи, но како што информираат од институциите на локално ниво, сите се од соседната Општина Липково.

Распоред по градови:

Скопје – 26

Тетово – 9

Штип – 7

Куманово – 6

Струга – 2

Loading...

Велес – 1

Кочани – 1

Истовремено, 30 пациенти се излекувани, а починаа 4 пациенти позитивни на Ковид-19.

Двајца од починатите се од Скопје, еден е од Тетово и еден од Велес.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2130.

Излекувани се 1516, а починале 126 пациенти.

За во 13:30 часот е закажана прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче на која се очекуваат детали околу состојбата со вирусот.

Leave a Reply