6 нови случаи во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1.
Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на ИЈЗ беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија.

Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица. Согласно ова, последната дистрибуција по градови е следна:

• Скопје – 493
 Куманово – 384

 Дебар – 51

 Штип-34

 Прилеп –147

 Тетово – 76

 Струга – 66

 Велес – 69

 Битола –19

 Охрид –15

 Кавадарци – 5

 Гостивар –17

 Гевгелија – 4

 Струмица – 2

 Крива Паланка-5

 Радовиш – 4

 Крушево – 3

 Кочани – 28

 Пробиштип – 2

 Кичево – 2

 Неготино -7

 Демир Хисар – 1

 Македонски Брод -2

 Пехчево- 2

 Делчево-1

 Валандово -1

 Виница – 2

Направените 279 теста се преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен ф-тет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Филип Втори (Жан Митрев) –39, Систина со PCR метода -12 и МАНУ – 8. Досега во земјата се направени вкупно 16050 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација 3 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се примени 8 нови, а вкупно хоспитализирани 35. Со потешка клиничка слика се 5,а на респиратор вкупно 6 пациенти.

Во болницата во Битола се лекуваат 5, а на домашно лекување се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 3 пациенти, а уште 6 се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на ковид-19.

Министерот за здравство доц. д-р. Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања, кои истите ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.

Leave a Reply