Трите главни jaдења на ден треба да бидат заменети со шест помали порции, ако сакате да постигнете здраво слабеење, советуваат нутриционистите.
Тим од научници покажа дека јадењето често, но по малку е клучот за здравото симнување на килограми. Познатите личности, меѓу кои и актерката Џенифер Анистон, ја припишуваат заслугата за својата тенка фигура на редовното јадење на мали порции. Наместо три главни оброци на ден, 46-годишната Анистон наоѓа време за пет оброка и малку спорт секој ден.
Ново истражување спроведено од научници од универзитетите во Калифорнија и Ново Мексико, покажа дека пристапот на актерката е вистинскиот за намалување на телесната тежина на здрав начин. Тие објаснија дека честото јадење ја намалува веројатноста да губите телесна маса без масти.