59 случаи на грип минатата недела во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 59 случаи на грип биле регистрирани на подрачјето на Куманово во текот на изминатата недела, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Вкупниот број на заболени од грип во Куманово во сезоната 2025/26 изнесува 1.036 лица. Најмногу случаи се регистрирани во јануари, вкупно 714.

Во текот на петтата недела од 2026 година (26.01-01.02.2026), во Македонија се пријавени 1.498 (I=81,6/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип.

Според ИЈЗ тоа е 12,3% помалку во споредба со претходната недела.

Во однос на возрасната дистрибуција, 866 лица се на возраст од 15-64 години, 247 се деца на возраст од 5-14 години, 224 се лица на возраст над 65 години, 161 – деца на возраст од 0-4 години.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пет лица повредени во сообраќајка во кумановско, едниот возач немал дозвола

Највисока инциденца (166,8/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените лица се пријавени од 28 ЦЈЗ/ПЕ: Скопје – 473, Прилеп – 146, Струмица – 139, Охрид – 99, Битола – 77, Штип – 70, Тетово – 63, Гевгелија – 61, Куманово – 59, Дебар – 43, Велес 36, а во Радовиш, Кичево, Кавадарци, Струга, Гостивар, Ресен, Неготино, Свети Николе, Кратово, Крушево, Виница, Демир Хисар, Пробиштип, Кочани, Македонски Брод, Пехчево, Валандово, бројот на заболени е помал од 30.

Во Берово, Делчево и Крива Паланка нема пријавени заболени лица од грип и заболувања слични на грип.

Во три ЦЈЗ/ПЕ (Охрид, Дебар, Гевгелија) се бележи висока активност, средна активност се регистрира во осум ЦЈЗ/ПЕ, во 14 се бележи сезонска активност, додека во три единици се бележи многу ниска активност на вирусот на грип.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово утре против Вардар

Во текот на петтата недела од 2026 година, пријавено е едно починато лице асоцирано со грип. Се работи за машко лицe на возраст од 62 години од Тетово кое било хоспитализирано на инфективното одделение Клиничка болница Тетово.

Кај починатото лице е утврдено присуство на коморбидитети и не било вакцинирано со вакцина против сезонски грип. Лабораториски е потврдена Influenza А(H3).

Во сезоната 2025/2026, вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 11.415.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 30,7%.