58-годишен кумановец нова жртва на измамата со огревни дрва

Сподели со своите пријатели

Педесет и осумгодишен кумановец е најнова жртва во зачестената измама со продажба на непостоечки огревни дрва.

Loading...

– На 12.01.2024 година во 13.00 часот во СВР Куманово, 58- годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 6 000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според пријавеното, лицето му понудило огревни дрва и откако се договориле, се упатиле на местото каде наводно биле складирани.

– Како што е пријавено, откако пристигнале лицето му кажало дека ќе оди да ги донесе дрвата но дошло кај неговата сопруга и ѝ кажало дека нејзиниот сопруг рекол да му ги даде парите. Подоцна нејзиниот сопруг се вратил без дрва, по што сфатиле дека се измамени, велат од кумановската полиција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетници од Куманово допирале по тело своја врсничка

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски