57 казни за брзо возење во Куманово викендов, 15 возачи биле пијани

Сподели со своите пријатели

Викендов во Куманово биле казнети 57 возачи кои управувале возило со брзина над дозволената, а 15 возеле под дејство на алкохол.

Според статистиката на Секторот за внатрешни работи Куманово, имало и такви кои возеле без дозвола.

– Во текот на изминатите два дена (12.02 и 13.02.2022), полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните знаци и прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се 57 возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, 15 за управување возило под дејство на алкохол и 7 за управување возило без возачка дозвола, информираат од кумановската полиција.

Сообраќајните контроли, појаснуваат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски