Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.01.2021) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина поголема од дозволената, што пак е најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици.
– Вкупно, на целата територија на Република Северна Македонија, се санкционирани 566 возачи што возеле со брзина поголема од дозволената. Од нив 279 надвор од населено место, а 287 во населено место. 18 возачи возеле со брзина за над 70 километри на час над дозволената брзина, а 65 возачи возеле со брзина над 50 километри на час над дозволената брзина, информираат од полицијата.
Засилените контроли во сообраќајот продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни улици и патишта, стои во соопштението на МВР.
Никола Ивановски