56 санкции за брзо возење во Липково

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово денеска (23.01.2021) спровеле засилена акциска контрола за санкционирање на возачите што возат со брзина над дозволената на територија на општина Липково.

Loading...

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, санкционирани се 56 возачи, а изречени се и 17 санкции за други прекршоци.

– Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност на патиштата, стои во соопштението од МВР.

Никола Ивановски

Leave a Reply