Вкупно 56 лица кои успешно ги минаа фазите од мерката за самовработување со грант во првиот годинава, денеска во Центарот за вработување во Куманово потпишаа договори со надлежните и ќе започнат сопствен бизнис преку владината мерка.
Погоемиот дел од нив отворија мали занатечиски работилници, продавници, адвокатски канцеларии, а дел од нив и производствени капацитети.
Годинава на првиот оглас имавме 112 апликации од кои беа одобрени 56 најуспешно рангирани бизнис планови. На вториот оглас аплицираа 71 невработени со бизнис план, од кои се позитивно се оценети 46 бизнис планови – изјави Милорад Тренчевски, раководителот на Центарот за вработување Куманово.
Направените анализи покажуваат дека 805 од оние кои до сега добиле грант успешно опстојуваат во работењето.
За одбележување е дека со самовработување имаме претпријатија кои почнале со еден вработен и сега со користење на дел од сетот мерки имаат вработено помеѓу 30 и 40 вработени, пред се, тука станува збор за чевларски или текстилни компании – додава Тренчевски.
Годинава, лицата кои отвараат бизниси преку самовработување можат да ги користат поволностите од „Македонија вработува 2“ односно да бидат ослободени од плаќање придонеси зависно од возраста, ако лицето е до 35 години ослободувањето е 3 години, од 35 до 50 пет години, пет години и од 55, ослободувањето од плаќање придонеси е се до пензионирање.
Поради зголемен интерес на невработените,од денеска отворен е уште еден оглас за самовработување со грант, кој ќе трае до 20-ти септември и повикувам сите невработени лица што имаат изводлив бизнис план и успешна идеја да дојдат во центарот за вработување и да аплицираат за мерката, информираше Тренчевски.

