55 Палестинци ослободени од израелски затвор, меѓу нив и директор на главната болница

Сподели со своите пријатели

Неименуван функционер на палестинското Министерство за здравство во окупираниот Појас Газа потврди дека Израел денеска ослободил 55 Палестинци од заробеништво, меѓу кои и Мохамед Абу Селми, директор на главната болница Ал-Шифа.

Loading...

Мохамед Абу Селмија беше уапсен во ноември 2023 година кога израелските сили извршија рација во болницата Ал Шифа, според АП.

Во видео изјава емитувана на палестинските медиуми по неговото ослободување, Абу Селми ги обвини израелските власти дека ги подложуваат палестинските затвореници на „секојдневно физичко и психичко понижување“, но Израел веднаш ги отфрли таквите обвинувања.

Во меѓувреме, израелскиот министер за национална безбедност, ултрадесничарот Итмар Бен-Гвир оцени дека ослободувањето на директорот на болницата Ал-Шифа е „безбедносно невнимание“, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел издаде нова наредба за евакуација од Кан Јунис, на удар 250.000 луѓе

Бен-Гвир побара разрешување на шефот на службата за внатрешна безбедност Шин Бет за ослободување на директорот на болницата Ал-Шифа, пренесува Ал Џезира.

„Дојде време премиерот да ги спречи Јоав Галант и шефот на Шин Бет да водат независна политика спротивна на позицијата на владата“, рече Бен-Гвир.