55-годишник од Куманово возел со 2,74 промили алкохол

Сподели со своите пријатели

Педесет и петгодишник од Куманово бил приведен вчера откако полицијата измерила дека возел со 2,74 промили алкохол во крвта.

Loading...

– На 28.05.2025 во 03.20 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишиле од слобода А.П. (55) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко моторно возило „опел инсигниа“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2.74 промили алкохол во крвта.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец пронашол куршум на улица

– По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, стои во соопштението.

Никола Ивановски