55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

Сподели со своите пријатели

Денеска се навршуваат 55 години од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ја уништи инфраструктурата, однесе човечки животи, разурна животни судбини, но ја подигна светската солидарност на високо ниво.

Во раните утрински часови на 26 јули 1963 година, граѓаните на Скопје ги разбуди разорен земјотрес со јачина од 9 степени според Меркалиевата скала, односно 6,1 според Рихтер.  Земјотресот се случи околу 5:17 часот кога поголемиот дел од луѓето беа во длабок сон. Околу 1100 жители никогаш не се разбудија тоа утро, а најмалку 3000 беа повредени. Силината на земјотресот остави околу 200.000 лица без покрив над главата. Оваа природна катастрофа е најголемата во македонската историја.

Тогаш Скопје остана во урнатини. Земјотресот својата јачина ја покажа и во околните градови, меѓу кои и Куманово. Требаше време да се спасат животи, да се помогне на оние кои се живи, но и да се одаде последна почит на оние кои смртно настрадаа. После сето тоа започна обновувањето на градот. Помош пристигнуваше од сите краишта на светото, но најмногу од соседните земји и тогашните братски држави од СФРЈ. Првата помош на населението беше укажана од војската на Македонија, но и од хуманите граѓани кои дојдоа од сите сега екс – Ју држави.

Leave a Reply