55.000 студенти ќе добијат по 15.300 денари за електронски уреди

Сподели со своите пријатели

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска е објавен јавниот повик преку кој секој студент ќе може да добие финансиска поддршка во износ од 15.300 денари за набавка на електронски уред.

„Ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, изјави премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски посочи дека повикот е објавен по завршувањето на изборните процеси, потенцирајќи дека Владата не сакала мерката да се протолкува како предизборна активност.

„Не сакаме како многу влади кои што во минатото правеа, тоа да го правиме пред изборите за да не биде сфатено како неетичко однесување од страна на Владата, затоа почекавме изборите да завршат официјално со одлука на ДИК,“ рече премиерот, додавајќи дека јавниот повик останува отворен до 1 јануари 2026 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува пообилни врнежи и засилен ветер

Тој уште еднаш apелираше студентите навреме да се пријават и да ја искористат можноста за финансиска поддршка.

Никола Ивановски