Во периодот од 04.11. до 11.11.2019 на подрачјето на СВР Куманово се преземени мерки и активности и констатирано е дека 54 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 52 возачи, информираат од кумановската полиција.
Од исклучените возачи, 26 управувале под дејство на алохол и 26 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.
– Од сообраќај се исклучени и 16 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се седум возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, еден возач поради непрописно престројување, еден поради некористење сигурносен појас и еден возач поради неправилно престигнување, стои во неделната статистика на СВР Куманово.
Во текот на изминатата недела издадени се 273 мандантни платни налози, 70 прекршочни платни налози, а 77 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.