Денес се навршуваат 52 години од земјотресот во Скопје

Сподели со своите пријатели

Денес се навршуваат 52 години од катастрофалниот земјотрес кој го погоди Скопје, ја уништи инфраструктурата, однесе човечки животи, разурна животни судбини, но ја подигна светската солидарност на високо ниво.

Loading...

 

[huge_it_gallery id=”108″]

 

Во раните утрински часови на 26 јули 1963 година, граѓаните на Скопје ги разбуди разорен земјотрес со јачина од 9 степени според Меркалиевата скала, односно 6,1 според Рихтер.  Земјотресот се случи околу 5:17 часот кога поголемиот дел од луѓето беа во длабок сон. Околу 1100 жители никогаш не се разбудија тоа утро, а најмалку 3000 беа повредени. Силината на земјотресот остави околу 200.000 лица без покрив над главата. Оваа природна катастрофа е најголемата во македонската историја.

Тогаш Скопје остана во урнатини. Земјотресот својата јачина ја покажа и во околните градови, меѓу кои и Куманово. Требаше време да се спасат животи, да се помогне на оние кои се живи, но и да се одаде последна почит на оние кои смртно настрадаа. После сето тоа започна обновувањето на градот. Помош пристигнуваше од сите краишта на светото, но најмногу од соседните земји и тогашните братски држави од СФРЈ. Првата помош на населението беше укажана од војската на Македонија, но и од хуманите граѓани кои дојдоа од сите сега екс – Ју држави.

Овој настан Скопје го направи град на солидарноста, затоа што вкупно 87 нации во светот испратија некаков вид на помош за градот но и за настраданите. Во екот на студената војна во Скопје се сретнале и советските и американските воени сили кои рамо до рамо помагаа на граѓаните кои останаа под рушевините.

Обновувањето одеше тешко, но ветувањето кое тогаш го даде претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, кој со својата сопруга Јованка Броз веднаш пристигна во Скопје, беше одржано. Тој рече:

Loading...
  • Скопје доживеа невидена катастрофа, но Скопје повторно ќе го изградиме. Тоа ќе стане гордост и симбол на братството и единството, на југословенската и светската солидарност.

И навистина така се случи.

Според проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски започна обновувањето на градот. Од тоаш ништо веќе не е исто.

Денес Скопје е модерен град. Ниту трага, ниту глас од урнатините кои останаа по земјотресот. Единствено нешто што остана да сведочи за немилиот настан се стрелките на големиот часовник на Железничката станица кои и ден денес стојат на 5 часот и 17 минути, кобниот момент за граѓаните на Скопје.

Тука денес се наоѓа Музејот на градот и симболот на катастрофата.