51-годишен маж загина во сообраќајна несреќа

Сподели со своите пријатели

Вчера во 09.40 часот на локалниот пат село Липец до крстосницата со Р-1304 во Виница се случила сообраќајна незгода во која М.П. (51) од с.Липец, управувајќи трактор „ИМТ 533“ со кочански регистарски ознаки, излетал од патот.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, во незгодата возачот М.П од здобиените повреди починал на местото на настанот. Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.

Со согласност на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на семејството за погреб.