Во талибански напад врз воената база на северот на Авганистан загинале на 50 војници, соопштила американската команда во Кабул.
Нападот на базата во гадот Мазар е Шариф траел неколку часа, навел портпаролот на американската војска и додава дека одговорноста за нападот ја презеле Талибанците, јавува агенцијата „Франц прес“.
Портпаролот на војската на САД, Џон ТОмас изјавил за АП дека авганистанските војници убиле неколку напаѓачи и додал дека веројатно има над 50 мртви.
Според неговите зборови, нападната била џамија и други постројби на воената база каде се претпоставувал дека имало и цивили кои работеле за американската војска.