Педесет возачи денеска во Крива Паланка биле казнети за возење со брзина поголема од дозволената.
– Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден (27.02.2021) презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Крива Паланка санкционираа 50 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Од сообраќај биле исклучени и 6 возила поради други прекршоци.
Засилените контроли, велат од полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, додаваат од СВР Куманово.
Никола Ивановски