Во текот на изминатата недела (28.10-04.11.2019) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово преземени се мерки и активности и констатирано е дека 56 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, од сообраќај се исклучени 74 возачи, информираат од кумановската полиција.
Од исклучените возачи 50 управувале под дејство на алохол и 24 возачи управувале возила пред да се стекнат со право за управување на моторно возило.
– Од сообраќај се исклучени и 18 возила бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се осум возачи поради користење мобилен телефон за време на управување на моторно возило, еден возач поради непрописно престројување и еден возач поради недавање првенство на минување, стои во неделниот извештај на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Регистрирани се и 19 прекршоци кои ги прават пешаците.
Во текот на изминатата недела издадени се 329 мандантни платни налози, 104 прекршочни платни налози и 69 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.