50-годишна кумановка доби кривична пријава поради измама

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишна кумановка е осомничена дека сторила кривично дело измама, кое на терет и го става струшката полиција.

Loading...

– Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична     пријава против С.Ј.В.(50) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во септември 2020 година во селото Радожда, пријавената се сретнала со друго женско лице и се договориле за сума од 500 евра да ѝ направи работна виза за Швајцарија.

Оштетената ѝ ги дала парите, но до денот на пријавување С.Ј.В. не направила работна виза, ниту ги вратила парите.

Никола Ивановски