5 причини зошто сѐ повеќе деца се емоционално нестабилни

Сподели со своите пријатели

Канадската терапевтка Викторија Продај предупреди дека на децата им оди полошо на училиште и се емоционално нестабилни поради прекумерната употреба на технологијата и „лошото“ родителство.

Loading...

Според Дејли Мејл, таа го опишала она што го гледа како загрижувачки тренд во однесувањето на децата.

„За време на мојата десетгодишна работа како детски терапевт, видов и продолжувам да забележувам пад на социјалното, емоционалното и академското функционирање на децата. Како и наглото зголемување на тешкотиите во учењето и другите дијагнози“, предупреди таа и додаде:

„Денешните деца се во катастрофална емоционална состојба и многу работи од нашиот модерен начин на живот водат до тоа. И покрај нашите најдобри намери, за жал, го менуваме мозокот на нашите деца во погрешна насока.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија сака да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години, експертите поделени

Со цел да апелира до родителите, таа наведе пет причини зошто тоа се случува, а ова се следните навики:

– децата добиваат сè што сакаат кога сакаат и не поднесуваат да им се каже „не“

– тие имаат многу ограничена социјална интеракција

– родителите создаваат вештачки свет на забава за децата во кој досадата не постои

Loading...

– децата премногу ја користат технологијата, што емотивно ги исклучува

– родителите не поставуваат цврсти граници.

Таа исто така нагласи како родителите можат да направат разлика во животот на детето со „тренинг“ на неговиот мозок за да може успешно да функционира на социјално, емоционално и академско ниво.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Научниците објавија доказ дека нашата планета веќе се прегрева

Тоа е првенствено поставување на граници, земајќи го предвид она што е добро за детето, а не она што детето го сака во одреден момент, ограничување на употребата на технологијата и учење на децата на нивните обврски, што ќе биде одредена основа за нивната иднина.