Петмина кумановци добија кривични пријави под сомнение за насилство врз свој сограѓанин.
Loading...
– СВР Куманово поднесе кривична пријава, против А.А.(45), М.А.(43), С.А.(47), М.А.(21) и Д.А.(22) сите од с.Љубодраг, кумановско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што појаснуваат оттаму, на 10.01.2021 околу 21.10 часот, додека оштетениот А.Љ. стоел пред објект во изградба, кој е во негова сопственост, пристигнале пријавените и физички го нападнале со тврди предмети.
Никола Ивановски