Пет казни биле изречени во контрола на четири угостителски објекти вчера на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово.
– Врз основа на претходно изготвен план, во периодот од 11.30 до 16.00 часот на 14.05.2025, полициски службеници од СВР Куманово во содејство со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршија контрола на четири угостителски објекти на подрачјето на СВР Куманово, информираат од полицијата.
При контролата, како што се појаснува, извршено е легитимирање на 20 лица, а од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се четири глоби на правни и физички лица кои работеле спротивно на одредбите од Законот за угостителство и од страна на Државниот инспекторат за труд изречена е една глоба.
Никола Ивановски