Историјата е омилен предмет на многумина во училиште. Дури и учениците кои не се грижат многу за учењето се фасцинирани од информации за античкиот свет, големите битки, владетели на империи и други интересни работи од минатото на човештвото.
Училишниот материјал е, се разбира, премал за да покрие сè што е важно или интересно во историјата. Неизбежно е многу интересни работи никогаш да не влегуваат во учебниците.
Точно пет такви факти ќе бидат во фокусот на овој текст. Ако сакате да го проширите знаењето за историјата, продолжете да читате…
Најуспешниот пират во историјата била жена
Џенг Ји Сао била кинеска проститутка родена во 1775 година, која била купена и подоцна омажена од лидер на големата пиратска флота „Црвено знаме“. Тој многу ја почитувал и ѝ дозволил да биде активен член на неговата пиратска флота.
По неговата смрт, Џенг го презела „Црвеното знаме“ и со тоа дошла на чело на криминална организација која поседувала 300 воени бродови и 1.200 други пловни објекти, а во која имало наводно меѓу 40 и 80 илјади луѓе.
Првите олимпијци во античка Грција се натпреварувале голи
Спортистите го правеле ова за да ги имитираат боговите, но и полесно да се ослободат од токсините од телото откако ќе се испотат додека учествувале на натпревар во нивниот спорт.
Интересно е што зборот гимнастика потекнува од грчкиот збор гимназо, што значи: „да вежба гол“.
Французите користеле сосема поинаков календар од 1793 до 1805 година
Со цел да се прекинат сите врски со претходниот монархистички поредок и достигнувањата на христијанството, француските револуционери вовеле целосно нов календар во 1793 година.
Тие ја одбележале 1792 година како нулта година, ги поделиле неделите на 10 дена, денот траел 10 часа, а часот 10 минути, од кои секоја траела по 100 секунди. Годината и натаму имала 12 месеци, но тие траеле 30 дена и добиле нови имиња.
Викинзите биле првите Европејци кои ја „откриле“ Америка
Територијата на денешна Северна и Јужна Америка луѓето ја населиле пред десетици илјади години преминувајќи го Беринговиот теснец помеѓу Сибир и Алјаска.
Во поново време, долго време се сметаше дека Кристофер Колумбо е првиот Европеец кој стапнал на тлото на овие континенти кога кон крајот на 15 век тргнал кон Индија под покровителство на шпанската кралица Изабела Прва.
Тоа, сепак, не е точно со оглед дека Викинг и истражувачот Леиф Ериксон пристигнале во Северна Америка од Исланд пет века порано. Заедно со екипажот на неговиот брод, тој го населил Њуфаундленд, остров лоциран на североистокот на Канада.
Еден од двесте мажи во светот потекнува од Џингис Xан
Во 2003 година, научниците анализирале примероци од Х-хромозом и откриле дека на територијата на поранешната монголска империја, која се протегала од Пацификот до Каспиското Море, дури 8% од мажите може да се сметаат за наследници на Џингис Xан.
Во тоа време, тие сочинувале 0,5% од светската популација, што значи дека во тоа време дури 16 милиони мажи потекнувале од славниот монголски освојувач.