47 возачи казнети вчера во Куманово за брзо возење

Сподели со своите пријатели

Секторот за внатрешни работи куманово вчера изрекол казни на вкупно 69 возачи кои управувале возило со брзина над дозволеното.

Loading...

– Во текот на вчерашниот ден (13.09.2023), полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 69 возачи, информира Министерството за внатрешни работи.

Најголем дел од казните или 47 биле изречени на возачи на подрачје на Куманово, 12 во Крива Паланка и 10 во Кратово.

Никола Ивановски