Четириесет и шест лица биле казнети денеска во Крива Паланка поради брзо возење, информираат од кумановската полиција.
– Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Крива Паланка санкционираа 46 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, стои во соопштението од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Од сообраќај се исклучени и 7 возила поради други прекршоци.
Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
Никола Ивановски