Веројатно една од најпознатите американски знаменитости, планината Рашмор на која се наоѓаат скулптурите на четворицата американски претседатели, крие тајна соба во која не смее да се влегува.
Loading...
Уметникот Гутзон Броглум целиот проект го започнал во дваесетите години на минатиот век и планината ја замислил како приказ на неколку важни моменти од американската историја, но неговиот план сепак бил малку преамбициозен, па му било дозволено да работи само на изработката на главата на четворицата претседатели (Џорџ Вашингтон, ТОмас Џеферсон, Теодор Рузвелт и Абрахам Линколн).
Сепак, му било дозволено да работи и на тајна просторија во внатрешноста на планината со чија помош би се осигурало идните генерации да знаат приказна во американската исорија, пишува „Мирор“. Условот бил најпрвин да заврши претседателскиот проект, па тогаш да започне да работи на собата.
Loading...
Замислата била во таа соба да се наоѓаат најважни документи од американската историја, но Броглум умрел пред да успее да го заврши. Деведесетите години од минатиот век проектот сепак бил довршен па сега во неа, во малата дрвена кутија сместена во трезорот од титан, се наоѓа Декларацијата за незавиност, Повелбата за човековите права и Уставот.
На туристите секој приод кон просторијата им е строго забранет. Целото видео појаснување на „Бизнис Инсајдер“ погледнете го тука.