447 сообраќајки минатата година во Куманово, 10 со смртни последици

Сподели со своите пријатели

Вкупно 447 сообраќајни незгоди се регистрирани на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Куманово во текот на 2020 година, а десет од нив биле со смртни последици.

Loading...

Според статистиката, споредбено со 2019 година се бележи пад од 29 отсто кај бројот на сообраќајни незгоди.

– На подрачјето на СВР Куманово  за 2020 година се регистрирани вкупно  447 сообраќајни незгоди, споредено со 2019 година овој број е значително намален за 29 отсто, кога бројката изнесувала 632. Од вкупниот број на сообраќајни незгоди во 2020 година се евидентирани 36 сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, 202 со телесни поврди, 199 со материјална штета, а 10 завршиле со смртни последици. Намален е и бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди и тоа за 8 отсто споредено со 2019 година, информираат од СВР Куманово.

Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Никола Ивановски

Leave a Reply