44-годишник нападнал малолетник во населбата Перо Чичо

Loading...
Сподели со своите пријатели

Четириесет и четиригодишен кумановец бил приведен вчера под сомнение дека физички нападнал малолетник во населбата Перо Чичо.

– На 09.06.2025 во 22.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(44) од Куманово затоа што претходно на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово физички нападнал малолетник, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец нападнат и ограбен во близина на неговиот дом