44-годишен маж од Крива Паланка приведен на „Деве Баир“, превезувал ножеви, електро шокови, палки…

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 14.20 часот на Граничен премин „Деве Баир“, при влез во Република Македонија, за контрола било селектирано патничко возило „Ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост и управувано од З.П. (44) од Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

При извршениот преглед, во возилото била пронајдена разновидна непријавена стока (односно 15 боксирачи, пет метални палки, шест електро шок апарати, 79 џебни ножеви со различна големина, еден пар лисици за врзување, шест батерии со полнач, 10 женски чанти, 10 женски плик-чанти, 11 детски чанти, 31 машки чанти, 45 женски паричници, 30 машки паричници и осум ранци).

Лицето, со возилото и стоката се превземени од Царинска испостава „Деве Баир“ за понатамошна постапка.