42 сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди и шест со загинато лице имало лани во Куманово

Сподели со своите пријатели

За 25 проценти е намален бројот на сообраќајни несрежи со жртви на подрачјето на Куманово лани во однос на 2020 година.

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово во 2021 година се регистрирани вкупно шест сообраќајни незгоди со шест загинати лица, додека во 2020 година се регистрирани седум сообраќајни незгоди со осум загинати лица, со што се бележи намалување на бројот на загинати лица од 25 проценти.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопштија од СВР Куманово.

На подрачјето на Куманово лани се евидентирани 42 сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, 203 со телесни повреди, 140 со материјална штета.

Никола Ивановски