41,3 литри дожд паднале во кумановско изминатите 48 часа

Сподели со своите пријатели

Вкупно 41,3 литри воден талог на метар квадратен паднале во текот на изминатите 48 часа на подрачјето на Општина Куманово, информираат од Климатолошката станица на Регионалниот центар за управување со кризи.

Во последното деноноќие наврнале вкупно 20,5 литри на квадратен метар, додека нешто повеќе беше денот претходно кога беа паднати вкупно 20,8 литри воден талог.

Максималната температура вчера изнесувала 8, а минималната 4 степени целзиусови.