Вкупно 41 казна за непочитување на задолжителната обврска за носење заштитна маска биле напишани вчера во Куманово од страна на полицијата.
Loading...
– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (10.02/11.02.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 89 лица не ја почитувалe, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Најголем дел од издадените прекшочни налози биле напишани во Куманово 41, во Крива Паланка 31 и во Кратово 17.
За истите, како што информираат од СВР Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.
Никола Ивановски