Четириесет и едногодишен кумановец физички ја нападнал својата сопруга по што бил приведен вчеравечер.
Loading...
– На 09.07.2024 година во 19.40 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.З.(41) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. Д.З. бил приведен во полициска станица, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Оттаму додаваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Никола Ивановски