Канада објави дека се постигнати два договори за обештетување на децата од домородните заедници кои биле лишени од нивните родители и однесени во институциите за социјално осигурување, како и за реформирање на системот кој придонел за такви злоупотреби во вкупна вредност од 40 милијарди канадски долари ( 31,5 милијарди американски долари).
Договорите вклучуваат распределба на 20 милијарди канадски долари како компензација за стотици илјади деца од домородните заедници кои биле одземени од нивните семејства, но не добиле социјална грижа или нивните работи биле одложени, пишува Ројтерс.
Државата одвои уште 20 милијарди канадски долари за реформа на системот за социјална заштита во следните пет години.
Договорите беа постигнати речиси 15 години откако Здружението за грижа за деца и семејства на домородните заедници поднесе тужба за кршење на човековите права.
Канада призна дека нејзините системи се дискриминаторски, но неколку пати се обиде да избегне плаќање на компензација и отштета, а последниот таков случај се случи минатата година.
Министерот за правда Дејвид Ламети потврди дека владата ќе се откаже од жалбите во наредните месеци, кога ќе се финализираат договорите.