40 казни викендов напишала полицијата во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вкупно 40 казни напишала кумановската полиција во текот на изминатиот викенд, најмногу за пребрзо возење или возење под дејство на алкохол/

Loading...

– Во текот на изминатиот викенд СВР Куманово продолжи со акциски контроли во областа на сообраќајот. На подрачјето на Куманово изречени се вкупно 40 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции и 17 санкции за возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Три лица биле казнети поради управување возила без возачка дозвола.

Акциските контроли, како што потенцираат од кумановската полиција, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.

Никола Ивановски