Loading...
Двајца чиетириесетгодишници го нарушиле јавниот ред и мир вчеравечер со меѓусебна физичка пресметка на градскиот плоштад во Куманово.
– На 22.06.2025 во СВР Куманово било пријавено дека околу 19.45 часот на плоштад „Маршал Тито“ во Куманово бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка помеѓу А.А.(41) и А.А.(46), двајцата од с.Ваксинце, Општина Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски