Во пожар што избувна во одделот за неонатална нега во болница во централна Индија загинаа четири бебиња, соопштија денеска локалните власти.
Отворена е истрага за причините за пожарот во детската клиника во Бопал, соопштија властите и додадоа дека има 40 бебиња, а 36 се спасени.
Властите велат дека сега се е под контрола.
Локалните медиуми јавија дека причина за пожарот најверојатно е краток спој.
Пожарите со жртви не се невообичаени во Индија поради лошото одржување на зградите и недостатокот на противпожарна опрема.

