3Д пешачки премини и на влезот на Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Тродимензионални пешачки премини Општина Куманово постави и на самиот влез во градот.

Loading...

Претходно, вакви пешачки премини беа исцртани и во централното градско подрачје, кај катната гаража, а како што најави градоначалникот Максим Димитриевски преку Фејсбук, вакви премини ќе бидат поставени и на други локации во градот.

 

 

– Целта е учесниците во сообраќајот полесно да ја забележат и користат оваа сообраќајна сигнализација. Предвидено е вакви пешачки премини да има и на други локаци во општината, рече претходно Димитриевски.

Никола Ивановски

Leave a Reply