Вкупно 39 мотоциклисти биле казнети изминатата неделa на територијата на Куманово, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи.
Loading...
Причина за казните било неносење заштитен шлем.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во сооптшението на кумановската полиција.
Никола Ивановски