39-годишник натепан во Ајдучка Чешма

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишник од Куманово вчеравечер пријавил дека бил физички нападнат во населбата Ајдучка Чешма.

– На 02.03.2026 во 22:45 часот во СВР Куманово, Д.И.(39) од Куманово пријави дека околу 19.40 часот во населбата „Ајдучка чешма“ во Куманово бил физички нападнат од Б.М. и уште две машки лица, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Оркестарот „Симфониум“ од Гимназијата „Гоце Делчев“ отвора врати за нови членови