37 загинати и девет исчезнати во поплави и одрони во Јужна Кореја

Сподели со своите пријатели

Најмалку 37 лица загинаа, а девет се водат како исчезнати по обилните дождови кои предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во Јужна Кореја, соопштија властите, додека спасувачите активно трагаа по луѓето затрупани во поплавен подземен тунел.

Во Јужна Кореја е сезона на монсуните, со обилни дождови кои паѓаат во последните четири дена, кои предизвикаа големи поплави и лизгање на земјиштето, како и прелевање на голема брана.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 37 лица загинале, а девет се водат како исчезнати поради обилните дождови, од кои повеќето биле затрупани од лизгање на земјиштето или паднале во поплавен резервоар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Најмалку 127 цивили убиени во израелските напади врз Либан од прекинот на огнот

Неколку стотици спасувачи се обидуваат да стигнат до десетици автомобили заглавени во подземен тунел долг 430 метри во Чеонгџу, северна провинција Чунгчеонг.

Според новинската агенција Јонхап, тунелот бил потопен во саботата наутро по силна поплава.